Англиските фудбалери кои ги промашија пеналите во финалето се мета на расистички навреди

EPA-EFE/Frank Augstein

Репрезентацијата на Англија не успеа за прв пат да стане европски шампион откако во финалето на Евро 2020 загуби од Италија по подобро изведување на пеналите.
Резултатот во регуларниот дел беше 1:1, Лук Шо и донесе водство на Англија во втората минута, а Леонардо Бонучи израмни во 68. минута. Во продолженијата немаше голови, по што победникот мораше да биде одлучен во пенал рулетот каде блескаше голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума кој ги одбрани пеналите на Џејдон Санчо и на Букајо Сака, а непрецизен беше и Маркус Рашфорд.

Веднаш по поразот, црномурестите фудбалери на англиската репрезентација станаа жртви на расистички напади на социјалниуте мрежи. Ситуацијата отиде толку далеку што мораше да реагира и Англиската фудбалска федерација преку соопштение.
На Рашфорд, Санчо и на Сака на Инстаграм, веднаш по завршување на натпреварот им оставаа коментари со емотикони на мајмуни, а наводно имало и смртни закани.

„Остро ги осудуваме сите облици на дискриминација и згрозени сме од расизмот на интернет кој е насочен кој наши играчи. Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги поддржиме нашите фудбалери, а во исто време бараме најстроги казни за одговорните. Што се однесува со нас, не можеме да бидеме појасни – некој кој стои зад ваквото одвратно однесување не е добредојден во следењето на нашата репрезентација“, соопшти ФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот