Англичаните завршија: Чекаме трансфери на Икарди, Хамес, Дибала, Нејмар…!

Англичаните официјално завршија, па сега со своите нови промени можат целосно да се фокусираат на сезоната во Премиер лигата која стартува денеска со дуелот меѓу Ливерпул и Норич.

Фокусот е сега насочен кон Италија, Шпанија, Германија и Франција. Во италијанската Серија А преодниот рок завршува на 18 август, а на 31 август во шпанската „Ла Лига“, француската „Лига 1“ и германската Бундеслига.

EPA-EFE/Ian Langsdon

Чекаме трансфери на Икарди, Дибала, Хамес, па можеби и на Нејмар, Бејл, Кутињо…

МАУРО ИКАРДИ – Заедно со неговата сопруга Ванда Нара никако да најдат решение за заминување од Интер. Вредноста му падна, не е повеќе фудбалер од „100+милиони евра“. Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја следи неговата ситуација а може да биде дел од „трампата“ за Пауло Дибала и заврши во Јувентус. Претходно интерес покажа и Атлетико Мадрид. Со оглед на тоа што новото засилување Ромелу Лукаку му ја зема „деветката“, докажува дека челниците од „Џузепе Меаца“ не сметаат повеќе на Икарди.

ПАУЛО ДИБАЛАСе поврзуваше со Манчестер јунајтед и Тотенхем, на крајот остана со „празни раце“. Договорот од 10 милиони евра за маркетиншки права би можел да му прави проблем било каде надвор од Италија. Па затоа и моментно делува „најреално“ Дибала да оди во Интер како замена за Икарди. Во трката за неговиот потпис се уште ПСЖ и Баерн Минхен.

ХАМЕС РОДРИГЕЗ – Карло Анчелоти (Наполи) изјави дека една од желбите е токму Колумбиецот. Две години на позајмица во Баерн, Зидан повторно не го планира, а има договор уште една година. Атлетико Мадрид се обиде летово, но за „јорганџиите“ преголемо е обесштетувањето (50 милиони евра).

НЕЈМАРБез сомнение тој ќе биде во центарот на вниманието летово. Објавивме дека Реал е сериозен кандидат, воедно мадридските медиуми пишуваат дека ПСЖ сака да добие во кеш барем половина од 222 милиони евра колку што плати за играчот. Со такви „астрономски“ бројки освен Флорентино Перез, првиот човек на Реал, може само да се „занимава“ и Барса.

twitter.com/BGT_ENG

ФИЛИПЕ КУТИЊО – Најголемиот „губитник“ досега летово. Барса го нуди секаде,  аБразилецот не сака да ја „грее“ клупата во новата сезона, па како реални опции се Јувентус и Баерн Минхен.

ГЕРЕТ БЕЈЛВо „конфликт“ летово со тренерот Зинедин Зидан кој и јавно објави дека што побрзо сака да се ослободи од Велшанецот. А еве што вели и поранешната легенда на „кралскиот“ клуб, Предраг Мијатовиќ за „Марка“: „Ако тој остане, Реал нема да биде во проблеми. Бејл ќе биде во проблеми“. Чести повреди, незаинтересиран, игра голф и не сака да отстапи ни за милиметар од платата од 17 милиони евра колку што годишно прима во Мадрид. Се шпекулира „трампа“ со ПСЖ за Нејмар.

ЕДИН ЏЕКО – Интер е подготвен да одвои 20 милиони евра (плус бонуси) за босанскиот напаѓач на Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот