Официјално: Лукаку е нов играч на Интер
Препорачано
– Интер беше клубот кој го посакував, бидејќи Интер не е за секого. Тука сум да го вратам клубот на врвот – беа првите зборови на фудбалерот.
Тој е осмиот најдобар странски стрелец во Премиер лигата на сите времиња со 113 голови, со двоцифрен број на погодоци во последните седум сезони.
? | BIG ANNOUNCEMENT@RomeluLukaku9 è un giocatore dell'Inter! ??⚫?
?? https://t.co/OPIzhuG3F6#WelcomeRomelu #NotForEveryone #FCIM pic.twitter.com/zoPO8QCo8A
— Inter (@Inter) August 8, 2019
Воедно тој е најефикасниот стрелец во историјата на белгиската репрезентација со 48 голови од 81 натпревар, а на минатото СП со националната селекција го освои бронзениот медал.
Пред да го направи трансферот, тренираше со својот поранешен клуб Андерлехт, а сега е нов член на калчолигашот кој за неговите услуги плати 77 милиони евра.
Да додадеме уште дека поради тоа што не се појавуваше на тренинзите на Манчестер јунајтед (воедно ги пропушти сите контролни натпревари), доби парична казна од 435.000 илјади евра.


