Стартува Премиер лигата, ќе се користи и ВАР технологијата

nbcsports.com

Денеска со дуелот на „Енфилд“ стадионот помеѓу Ливерпул и Норич од 21.00 часот ќе стартува новата сезона во англиската Премиер лига.

Актуелниот шампион Манчестер сити в сабота ќе ја започне одбраната на титулата на гостински терен против лондонски Вест Хем. Во првото коло од сезоната 2019/20 вицешампионот на Европа, Тотенхем се сретнува со Астон Вила која се врати во елитата.

В недела Арсенал ќе игра против Њукасл, додека Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе се соочи со Челзи во дербито на стартната премиерлигашка рунда.

Лондонските „сини“ како освојувачи на Лига Европа ова лето како нов менаџер го ангажираа еден од славните фудбалери на клубот, Френк Лампард, како замена за Маурицио Сари.

Оваа сезона во Премиер лигата за првпат доаѓа и новата видео технологија која ќе им помогне на судиите во донесувањето на правилни одлуки (ВАР).

Германскиот „Трансфермаркт“ објави дека Премиер лигата е најскапата лига во Европа кога се во прашање играчите, чија вкупна вредност се проценува на 9,2 милијарди евра.

За првпат од своето формирање на лигата донесена одлука да има пауза од 8 до 15 февруари 2020 година.

Премиер лига 2019/2020
Двојки, прво коло:

Петок
Ливерпул-Норич (21.00 часот)

Сабота
Вест Хем-Манчестер сити (13.30)
Борнмут-Шефилд јунајтед (16.00)
Барнли-Саутемптон (16.00)
Кристал Палас-Евертон (16.00)
Ватфорд-Брајтон (16.00)
Тотенхем-Астон Вила (18.30)

Недела
Њукасл-Арсенал (15.00)
Манчестер јунајтед-Челзи (17.30)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот