Англичаните најавуваат, Кејн во трансфер вреден 187 милиони евра

Од Хари Кејн повторно се очекува да ги тресе мрежите/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Британскиот „Сан“ објави сензационална вест дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви ја прифатил понудата од Манчестер сити за Хари Кејн од неверојатни 187 милиони евра.

Истиот извор вели дека англискиот репрезентативен напаѓач би заработувал дури 470 илјади евра неделно и би бил еден од најплатените играчи во светот.

Веќе подолг период Кејн се поврзува со заминување од Тотенхем, фантастичен голгетер, но недостасуваат трофеите во неговата кариера.

Токму со „граѓаните“ има одлична шанса да се бори за титулите во Англија и Европа. И минатата сезона во Премиер лигата ја покажа врвната форма со 23 голови од 35 настапи.

Неодамна на Европското првенство исто така блескаше постигнувајќи четири погодоци.

Се очекува Кејн да биде замена за Серхио Агуеро кој од новата сезона ќе ги брани боите на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот