Англичаните му веруваат на Саутгејт и покрај дебаклот во Лигата на нации

Гарет Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Фудбалската федерација на Англија (ФА) одлучи да го остави Гарет Саутгејт за селектор на „Гордиот Албион“ и покрај лошите резултати во Лигата на нации.

Англичаните во јунските натпревари во Лигата на нации освоија само два бода од четири порази, а притоа на домашен терен доживеаја катастрофален пораз од 0:4 од Унгарија. Англија се наоѓа на последното четврто место во групата 3 во дивизијата А и заостанува три бода зад третопласираната Италија.

Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година и ова е негова најдолга серија без победа, но и покрај тоа ќе ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во Катар, објави Скај.

Саутгејт на претходниот Мундијал што се одржа во Русија 2018 година стигна до полуфиналето, додека на Евро 2020 кое поради пандемијата на коронавирусот се одржа минатата година загуби во финалето од Италија и тоа по подобро изведување пенали.

До почетокот на СП во Катар, Англија ќе ги одигра преостанатите два натпревари во Лигата на нации, против Германија и Италија во септември.

Светското првенство во Катар треба да се одржи од 21 ноември до 18 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот