Ангеловска: Законот за моторни возила е комплетно нов закон, кој нуди системско и неселективно решение

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Неселективно системско решение се нуди со новиот закон за моторни возила што е во собраниска процедура, а кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2020 година и кој воведува еколошка компонента која значи оние што загадуваат ќе плаќаат поголем данок.

Висината на данокот ќе се утврди со уредба што ќе се донесе по усвојување на законот, а ќе дефинира каде колку ќе биде данокот по вредност на возилото, а колку данок по загадување. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

– Станува збор за комплетно нов закон, кој системски адресира одредено прашање, неселиктивно, односно зборуваме за закон на кој работеше Министерството за финансии и Царинската управа и кој треба да стапи во сила од 1 јануари. Првпат имаме ваков закон што воведува еколошка компоненета и кој вели оние што загадуваат помалку ќе плаќаат помал данок, оние што загадуваат повеќе ќе плаќаат поголем данок. Претходно тоа се нарекуваше акциза и беше регулирано во Законот за акциза и сега тоа повеќе не е таму регулирано имаме нов закон за моторни возила по примерот на развиените земји, рече минситерката за финансии на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Таа додаде дека е користен примерот на Хрватска каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат и според минстерката лесно ќе може по извесно време за шест месеци или година да се види како тоа влијаело во споредба со претходните години, дали се помалку се увезуваат возила што се поголеми загадувачи бидејќи, истакна, на крајот на денот тоа е целта.

Појасни дека била формирана работна група која работела на проценка каде ќе има најдобри ефекти бидејќи во исто време се  изработуваат различни проекти за адресирање на аерозагадувањето и заштита на животната средина и дека средствата треба да се инвестираат најдобро со системско решение и каде нема да биде начинот селективен и нема да реши ништо на долг рок.

Предлог законот за моторни возила е влезен во собраниска процедура и денеска е на дневен ред на седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот