Ангеловска: Клучни се инвестициите во луѓето, затоа што тие ја движат економијата и промените

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од понеделник почнува расправата по дополнетиот буџет за 2020 година што беше усвоен вчера на владина седница, а во кој се вградени 12-те амандмани прифатени во дебатата во собраниската Комисијата за финансирање и буџет. Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал. Министерката за финансии Нина Ангеловска оценува дека инвестициите во човечкиот капитал се клучни бидејќи тие ја движат економијата и ги движат промените.

– Пред нас се многу предизвици не само за нас како земја, туку и во светот, и сметам дека инвестициите во човечкиот капитал е нешто што е клучно, затоа што луѓето ја движат економијата. Луѓето ги движат промените и од нас ќе зависи дали оваа земја за една година ќе се придвижи како за пет и ќе бидеме брзи во тоа или ќе одиме назад или ќе стоиме во место, затоа што како што велат секое стоење во место е одење назад, изјави министерката одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа потенцира дека целта е да се задржат младите кадри во земјата денеска кога мобилноста е поголема и младите многу полесно може да работат од едно на друго место и да се во различни земји. Сега, вели Ангеловска, во Европа и светот се дискутира како да се справиме со предизвиците на дигитално даночење, каде да се плаќа и во која земја данокот.

Истакна дека во буџетот за 2020 година централно место се инвестициите во човечки капитал, односно 64 отсто оди во образование, социјалната заштита и здравството за што се предвидени 10 милијарди денари повеќе од оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот