Андерлехт сериозно загриза за Дарко Чурлинов

Дарко Чурлинов/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се наоѓа пред трансфер во редовите на белгискиот гигант Андерлехт.

Чурлинов веќе ги договорил личните услови со Андерлехт кој подготвува понуда тешка меѓу 4 и 5 милиони евра која би требало да биде доволна за македонскиот репрезентативец да го напушти бундеслигашот, пишува весникот „Штутгартер Нахрихтен“.

Весникот исто така објави дека Чурлинов ќе  потпише петггодишен договор и во Андерлехт доаѓа како замена  за Серхио Гомез и Франсис Амузу кои веќе ја напуштија екипата.

Чурлинов минатата недела беше поврзуван со трансфер во тимот од Чемпионшип дивизијата Барнли кој нудеше 3 милиони евра отштета.

Минатата сезона, Дарко Чурлинов ја помина во редовите на Шалке кој иако се врати во Бундеслигата, поради финансиски проблеми, немаше пари да го откупи договорот на Македонецот со Штутгарт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот