Анчелоти беше многу лут: Модриќ требаше да го шутира пеналот

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Со голот на Џуд Белингем, Реал Мадрид синоќа ја совлада Селта на гостински терен (1:0) и по три кола го задржа беспрекорниот настап во „Ла Лига“.

Белингем ја затресе мрежата во 81 минута, но гостите можеа и порано да постигнат гол. Во 68 минута беше досуден пенал за „кралевите“, но Родриго беше непрецизен. Тоа доста го налути тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

– Позната е хиерархијата на изведувачите на пенали. Винисиус е прв, а Модриќ втор. Бидејќи Винисиус порано ја напушти играта поради повреда, а Модриќ беше на теренот, тогаш тој мора да шутира. Тој го знае тоа и мораше да го изведе. Сепак тоа Родриго го направи. Не знам зошто Модриќ го дозволи тоа, бидејќи не само што знае дека тој е изведувачот, туку и пред овој пенал му кажав дека мора да шутира. Играчите не одлучуваат кој ќе го изведе пеналот, туку јас – беше јасен Анчелоти.

На прашањето на новинарите дали е лут поради тоа, Анчелоти одговори.

– Да, лут сум. Затоа што Модриќ требаше да шутира и тој го знае тоа, но Родриго сепак го изведе. Не знам зошто Лука не го направи тоа, но сигурно ќе разговараме за тоа во наредните денови – вели Анчелоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот