Анастасија Ражнатовиќ запросена во Париз: По настапот ја очекувал огромен букет рози

анастасија ражнатовиќ
Анастасија Ражнатовиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ неодамна настапувала во Париз, каде ги воодушевила сите и на крај наводно ја запросиле.

На настапот на Анастасија, сите погледи биле вперени во згодниот млад човек со огромен букет цвеќе, кој, како што пишуваат
српските медиуми, внимателно го следел секој нејзин чекор.

„Висок, згоден и млад, убаво облечен, со огромен букет рози, ја слушаше и фасцинирано ја гледаше Анастасија. Кога заврши настапот, Анастасија ја пречекаа обожаватели кои сакаа да се фотографираат со неа, а таа трпеливо делеше автограми и се фотографираше со сите. Во редот беше и младиот човек со букетот“, рекол изворот за српските медиуми.

„Се чинеше дека само ќе ѝ подари цвеќето и ќе се фотографира со неа, но кога му дојде редот, ѝ ја бакна раката, се претстави и ја запроси. Тој ѝ рече дека е воодушевен од неа, нејзиниот лик и дело, и дека долго време ја следи преку медиумите и дека би сакал да го помине остатокот од животот со неа“, додал изворот.

Присутните биле малку шокирани, како што се наведува, но младата поп ѕвезда не дозволила да биде збунета или исплашена, па на некој начин ја прифатила оваа игра.

„Анастасија само се насмеа, го зеде букетот и се заблагодари за понудата, велејќи дека не е подготвена за брак и дека сега е фокусирана само на кариерата. Се фотографираше со шармантниот млад човек и се разделија расположени“, изјавил изворот.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ неодамна ја прекина врската со Ѓорѓе Куљиќ, со кого беше цели 5 години и сега е повторно слободна. По раскинувањето, Анастасија се иселила од станот во кој живееле заедно со Ѓорѓе и се вратила во вилата на семејството Ражнатовиќ на Дедиње. И покрај разделбата, двајцата останале добри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот