ВИДЕО | Анализа: Владата по 100 утра се познава

Анализата за придобивките од првите 100 дена на Владата на Христијан Мицкоски би ја поделил во три дела. Како што денот по утрото се познава, така и владата по првите 100 утра се препознава, вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Во утринската програма на Слободен печат, Ивановиќ посочи дека се чувствува општо задоволство од економските заложби на Владата во првите 100 дена од владеењето.

– Евидентно е дека на економски план оваа Влада врши доста големи напори да ја зајакне економската ситуација, да го подигне стандардот, па дури и пензионерите од денеска ќе имаат повисоки пензии за 2.500 денари. Има најави за капитални инвестии, за подобра трговска размена со земјите од регионот и пошироко, за странски вложувања – вели новинарот.

Тој, сепак, смета дека Владата потфрлила во поглед на надворешната политика.

– Вториот дел од мојата анализа е крајно негативен за работењето на Владата, а се однесува на надворешната политика. Веќе имаме официјална блокада во нашиот напор да станеме полноправна членка во Европската Унија. Односите со Бугарија никогаш не биле полоши, а од односите со Буарија зависи нашето членство во ЕУ – тврди Ивановиќ.

Во третиот дел од анализата, тој говори за владината коалиција, која барем засега не делува компактно.

Целата анализа можете да ја погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот