Амнести реагира: Белгија ги остави старците да починат од корона, прекршени човековите права
Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал оценува дека во Белгија во текот на пандемијата од ковид-19 не се почитувале основни човекови права конкретно во домовите за стари лица по што дошло до висока стапка на смртност.
Препорачано
Организацијата укажува дека станува збор за кршење на правото за здравствена заштита и се повикува на извештајот на Лекари без граници кои објавија дека во првиот налет на коронавирусот станарите на домовите за старци во Белгија чинеле 64 проценти од сите смртни случаи од коронавирус односно дека починале околу 6.200 лица.
Се додава дека 4.900 од нив починале во самите домови без можност да се хоспитализираат и да ја добијат потребната нега.
Амнести ја нагласува лошата подготовка за кризни ситуации и укажува дека целта на сите држави да обезбедат болниците да не им се преплавени од случаи е „легитимна“, но дека „не ги ослободува владите од должностите да ги штитат правата на населението“.
Во извештајот се наведува дека персоналот во домовите за стари во Белгија работело без соодветна лична заштита, дека инспекциите во домовите биле намалени, дека лекарите од општа пракса не биле ниту волно да ги посетуваат пациентите во домовите, дека многу од дементните лица биле „физички или медицински имобилизирани во далеку поголема мерка од вообичаеното“; при што и на здравите жители им било ограничено движењето без оглед на вистинскиот ризик.
Од почетокот на пандемијата, од последиците на ковид-19 во Белгија починаа речиси 15.500 лица.


