Американски новинар повикува на дисквалификација на Ѓоковиќ

Ѓокович повторно е цел на напади на американскиот новинар/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новинарот на „Њујорк тајмс“, Бен Ротенберг повторно се најде во центарот на тениската јавност и повторно цел му беше Новак Ѓоковиќ.
Ротенберг во најва на мечот помеѓу Олга Даниловиќ и Наоми Осака до кој не се дојде бидејќи српската тенисерка се пожали на инфекција, напиша дека токму Новак Ѓоковиќ е главен ментор на 145. тенисерка на светот.

Тој момент не е спорен, но во наредните објави на Ротенберг на Твитер ги налути навивачите на српскиот тенисер бидејќи случајот со повлекувањето на Даниловиќ го спореди со тој што го имаше Жил Симон. На францускиот тенисер не му беше дозволен настап на грен слем турнирот во Њујорк бидејќи имал контакт со лице кое е позитивно на коронавирус.

„За повлекувањето на Даниловиќ е наведено дека е од медицински причини. Чекаме понатамошно објаснување, но вреди да се напомене дека исто такво објаснување беше искористено за Жил Симон кој имал контакт сио лице кое е заразено од коронавирус. Доколку тоа е случај и сега, човек веднаш треба да се запраша дали еден човек кој брка грен слем може да биде погоден од ова“, напиша Ротенберг кој во друга објава на Твитер, пишува дека Ѓоковиќ бидејќи не е вакциниран е во ранливата категорија на тенисери.


„Ова е тешка ситуација за Даниловиќ пред нејзиниот најголем меч во кариерата, се надевам дека не е некоја сериозна болест. Што се однесува до Ѓоковиќ, тој е толку подобар од останатите да единствена закана кога станува збор за триумф на УС Опен е правилото за вакцина против коронавирус. И покрај неговиот неверојатен професионализам, тој сам се направи ранлив е се доведе до ситуација да може предвреме да го заврши УС Опен доколку навистина не е вакциниран“, пишува Бен Ротенберг.
Неколку часа подоцна се огласи и Олга Даниловиќ кој рече дека не е позитивна на коронавирус, туку дека станува збор за инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот