Американката Коко Гоф е првата полуфиналистка на „УС Опен“

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Американската тенисерка Коко Гоф успеа прва да обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк, САД.

Гоф убедливо со резултат 2:0 во сетови 6:0 и 6:2 за само еден час и девет минути игра ја елиминираше Јелена Остапенко од Летонија.

Американката го доби првиот сет без загубен гем, и веќе беше јасно дека Остапенко нема шанси за ново изненадување, откако претходно во осминафиналето ја совлада најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек од Полска.

Во вториот сет Остапенко со освојувањето два гема на крајот стигна до чесен пораз.

Противничка на Гоф во полуфиналниот меч ќе биде победничката од дуелот меѓу Каролина Мухова (Чешка) и Сорана Кирстеа (Романија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот