Американец го тужел шефот затоа што му приредил забава: Доби 450.000 долари отштета

Фото: Профимедиа

Кевин Берлинг од Кентаки го тужел својот работодавец затоа што му организирал роденденска забава. Тој доби отштета од 450.000 долари.

Имено, Кевин работел во медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“. На својот работодавец и колегите им рекол дека не сака роденденски изненадувања бидејќи во такви моменти доживува тешки напади на паника, но тие ја игнорирале неговата желба.

Добил паничен напад поради изненадувањето, а потоа и отказ

Му организирале забава, поради што Берлинг доживеал паничен напад и отишол да го јаде својот оброк во автомобилот со цел да се смири. Шефот му рекол следниот ден дека „се однесува како мало девојче“ и дека им го уништил расположението на колегите.

Набргу потоа Берлинг добил отказ и случајот завршил на суд. Берлинг смета дека бил дискриминиран поради неговата психичка состојба и дека не му било овозможено да работи во безбедна средина.

Преку судски пат тој добил 150.000 долари на суд за „изгубена плата“ бидејќи бил отпуштен по неуспешно роденденско изненадување и 300.000 долари за „нанесена душевна болка, понижување и губење на самодовербата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот