Американците сфатија дека се избламираа на Мундобаскетот

Мундобаскетот заврши со триумф на селекцијата на Шпанија, но главна приказна од ова натпреварување е катастрофалниот пласман на САД. Кошаркарите на САД кои настапија без своите најдобри играчи, на крајот го освоија седмото место, што е најлош пласман во историјата на СП. Поради тоа, уште сега планираат на идното големо натпреварување, Олимписките игри во Токио 2020 година, да го пратат најсилниот тим за да го задржат олимпиското злато.

– Навистина се избламиравме на ова СП. Кристално јасно е дека овој тим не беше доволно добар да се спротивстави на најдобрите репрезентации, но зачудувачки е што сите кошаркари имаат важни улоги во своите НБА екипи – констатираат поголем дел од американските медиуми.

Колку беше лош настапот на СП во Кина, доволно гови и податокот дека во најдобрата петорка на Мундобаскетот не се најде ниту еден Американец.
„Немаме никого помеѓу најдобрите. Нашиот најдобар кошаркар, Кемба Вокер, беше дури 28. стрелец на ова СП“, пишува во својот коментар телевицијата Ен-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот