Ормуски теснец, фото: EPA-EFE/MEHDI DEHDAR

Америка вели дека целосно ја парализирала поморската трговија на Иран

Во помалку од 36 часа од почетокот на блокадата, американските сили целосно ја запреа економската трговија што по морски пат влегува и излегува од Иран, изјави шефот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер.

Американската војска денеска соопшти дека целосно ја запрела трговијата што по морски пат влегува и излегува од Иран, додека претседателот Доналд Трамп изјави дека разговорите со Техеран за завршување на конфликтот би можеле да продолжат оваа недела, што доведе до пад на цените на нафтата втор ден по ред, објави „Ројтерс“.

Трамп рече дека преговорите меѓу американски и ирански претставници би можеле да продолжат во Пакистан во следните два дена, а потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ги водеше викенд-преговорите што завршија без пробив, изрази оптимизам за текот на настаните.

– Мислам дека ве очекуваат неверојатни два дена. Може да заврши на двата начина, но мислам дека е подобро да има договор бидејќи тогаш тие можат да се обноват. Сега имаат различен режим. Во секој случај, ние ги отстранивме радикалите – изјави Трамп и додаде дека не смета дека ќе биде потребно продолжување на двонеделното примирје кое истекува на 21 април.

По блокадата од САД на Ормускиот Теснец, Иран со закана: Или сите ќе пловат безбедно или никој

Претставници од Пакистан, Иран и земјите од Заливот изјавија дека преговарачки тимови од САД и од Иран би можеле да се вратат во Пакистан подоцна оваа недела, иако висок ирански извор навел дека сè уште не е одреден точен датум.

И покрај оптимистичкиот тон, повеќе бродови биле враќани назад во рамки на американската блокада на иранските пристаништа, меѓу кои и санкциониранот кинески танкер „Рич Стери“, кој се враќал кон Ормускиот Теснец откако го напуштил Персискиот Залив.

Шефот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), адмирал Бред Купер, изјави дека американските сили целосно ја запреле економската трговија што по морски пат влегува и излегува од Иран, нагласувајќи дека таа сочинува околу 90 отсто од иранската економија.

„Во помалку од 36 часа од почетокот на блокадата, американските сили целосно ја запреа економската трговија што по морски пат влегува и излегува од Иран“, изјави Купер во објава на „Икс“.

Претходно, американската војска соопшти дека пресретнала осум танкери поврзани со Иран од почетокот на блокадата во понеделник, според „Волстрит журнал“.

Иран: Воведувањето поморска блокада е сериозно кршење на суверенитетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот