Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Америка се обидува да ѝ наметне на Европа највалкано гориво во светот

Соединетите Американски Држави се обидуваат да ѝ наметнат на Европа валкан гас, поништувајќи ги еколошките напори на Европејците за намалување на стакленичките гасови, стои во извештајот на Sputnik Analytica, „Револуцијата на шкрилците во САД е најголемиот непризнаен еколошки проблем во светот“- пренесува Политика.рс.

„Исклучително големиот „јаглероден остаток“ на гасот и нафтата добиени од шкрилци, произведени во САД ги прави, всушност, највалканото гориво во светот. Покрај тоа,  ги поткопува и ги „убива“, колективните напори на глобалната заедница во борбата против глобалното затоплување“, се наведува во извештајот.

Пресметките покажуваат дека неевидентираните емисии на стакленички гасови во Соединетите Американски Држави поврзани со протекување на метан во производството на нафта и гас од шкрилци се најголемиот непризнаен еколошки проблем во светот.

Вистинските емисии на американската индустрија за шкрилци се речиси 20 пати повисоки од оние што ги декларираше Вашингтон и изнесуваат 4,9 милијарди тони еквивалент на CO2 годишно (податоци за 2018 година), што е всушност 13 проценти од сите глобални емисии на стакленички гасови, се наведува во извештајот.

Тоа е речиси шест пати повеќе од сите емисии на стакленички гасови во Германија и сочинува 125 проценти од емисиите на стакленички гасови во Европската Унија како целина во 2018 година.

„Со агресивен обид да го извезете својот течен природен гас во Европа во замена за руски конвенционален гас, САД се обидуваат да ѝ наметнат на ЕУ гас чии карактеристики би можеле целосно да ги поништат резултатите од европските напори, вклучително и германските, во борбата против глобалното затоплување, особено со поткопување на стратешката цел на ЕУ за намалување на емисиите за 55 проценти до 2030 година и постепено укинување на јагленот“, се нагласува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот