Фото: „Ројтерс“ / Принтскрин

Америка изврши нов бран одмазнички напади врз Исламска Држава во Сирија, Јордан се приклучи

Според американската Централна команда, масовните напади биле изведени во саботата околу 12:30 часот по источноамериканско време и биле насочени кон повеќе цели на Исламска Држава ширум Сирија. Во операцијата, покрај САД, учествувале и сојузнички сили.

САД извршија нов бран одмазднички воздушни напади врз позициите на терористичката група Исламска Држава (ИС) во Сирија, како одговор на заседата минатиот месец во која загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач, објави „Асосиејтед прес“.

Според американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), масовните напади биле изведени во саботата околу 12:30 часот по источноамериканско време (17:30 по Гринич) и биле насочени кон повеќе цели на ИС ширум Сирија. Во операцијата, покрај САД, учествувале и сојузнички сили.

Подоцна, јорданската армија соопшти дека и таа земала учество во нападите.

Саботните удари се дел од поширока операција на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како одговор на смртоносниот напад на Исламска Држава во Палмира, во кој беа убиени наредникот Едгар Брајан Торес-Товар, наредникот Вилијам Нејтаниел Хауард и цивилниот преведувач Ајад Мансур Сакат.

Терорист уби двајца американски војници во Сирија – Хегсет се закани дека САД немилосрдно ќе ги ловат оние што таргетираат Американци

„Нашата порака останува јасна и силна: ако им наштетите на нашите војници, ќе ве пронајдеме и ќе ве убиеме каде било во светот, без разлика колку се обидувате да ѝ избегнете на правдата,“ соопшти американската Централна команда во изјава во саботата.

Еден ден претходно, сириските власти објавија дека нивните безбедносни сили го уапсиле воениот лидер на операциите на Исламска Држава во Левантот.

Американската војска соопшти дека нападите биле изведени заедно со партнерски сили, без да прецизира кои земји или формации учествувале.

ВИДЕО | Сириски полицаец убиен во самоубиствен бомбашки напад во Алепо на новогодишната ноќ

Администрацијата на Трамп одговорот на нападите во Палмира го нарече „Операција Хокај страјк“ (Operation Hawkeye Strike). И Торес-Товар и Хауард биле припадници на Националната гарда на сојузната држава Ајова.

Операцијата започна на 19 декември со уште еден масовен напад, во кој беа погодени околу 70 цели низ централна Сирија, поврзани со инфраструктурата и со вооружувањето на Исламска држава.

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) со години беа главен партнер на САД во борбата против Исламска држава во Сирија, но по соборувањето на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година, Вашингтон сè почесто ја координира својата активност со централната власт во Дамаск.

Фон дер Лајен од Дамаск: Европа ќе направи „сè што може“ за да ѝ помогне на Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот