ВИДЕО | Сириски полицаец убиен во самоубиствен бомбашки напад во Алепо на новогодишната ноќ
Во самоубиствен напад извршен вчера врз полициска патрола во сирискиот град Алепо, едeн полицаец е убиен, а двајца припадници на безбедносните сили се ранети, потврди портпаролот на сириската влада, како што објави државната новинска агенција Ал Екбарија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според извештајот на телевизијата, повикувајќи се на безбедносен извор, напаѓачот се разнел со активирање на експлозивен појас откако патролата го запрела и се обидела да го претресе. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нур ал-Дин ал-Баба, изјави дека се верува дека напаѓачот има врски со Исламска држава.
UPDATE on Aleppo suicide bombing:
ISIS is suspected and the bomber was attempting to get into a church during a NYE celebration, but was unable to get in… so he blew himself up around police forces.
3 police were killed. pic.twitter.com/oB12kZxLyI
— Brian’s Breaking News and Intel (@intelFromBrian) January 1, 2026
Сомневање за Исламска држава
„Се верува дека лицето кое го активирало експлозивниот појас во патролата во Алепо има идеолошка или организациска позадина поврзана со Исламска држава“, рече ал-Баба, додавајќи дека истрагата за идентитетот на напаѓачот е во тек.
Досега, ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.
Овој инцидент се случи кратко откако двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во Сирија на почетокот на месецот. Нивниот конвој, кој се движел во придружба на сириските сили, бил нападнат од осомничен член на Исламска држава, кој потоа бил убиен.


