Алушовски уште три години ќе биде тренер на исландскиот Тор

Македонскиот тренер Стевче Алушовски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот тренер Стевче Алушовски одлучи да ја продолжи соработката со екипата на Тор Акурејри на уште три години.

Нашиот стратег ќе остане на Исланд иако не успеа да го одведе клубот преку плеј-офот во елитата.

Претходно Алушовски како тренер ги водеше тимовите на Вардар, Е. Работник и Пелистер.

Како играч настапуваше за РК Пелистер, Јафа Промет, Вардар Ватростална и Металург.

Потсетување дека неодамна Тор Акурејри го напушти нашиот репрезентативец Томислав Јагуриновски кој ја продолжи кариерата во редовите на РК Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот