Македонскиот репрезентативец Јагуриновски го напушти исландскиот Тор

фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денеска исландскиот ракометен клуб Тор Акурејри ја информираше јавноста дека е прекината соработката со нашиот десен бек Томислав Јагуриновски (23).

Македонскиот репрезентативец беше еден од важните играчи на клубот кој е предводен од тренерот Стевче Алушовски.

Од клубот објавија дека Јагуриновски добро се вклопил во екипата, му посакуваат сè најдобро во кариерата.

Тор Акурејри не успеа да обезбеди пласман во финалето од плеј-офот за место во елитната конкуренција на Исланд.

Јагуриновски се враќа во нашата земја, претходно ги бранеше боите на Вардар, Металург и Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот