Алпинисти за прв пат во историјата во зима го освоија „К2“ – вториот највисок врв во светот

Instagram

Десетмина алпинисти од Непал само што влегоа во историјата на планинарењето, откако денеска го искачија на 8.611 метри надморска височина и го освоија врвот „К2“ – вториот највисок врв на светот.

Врвот „К2“ се наоѓа во северниот дел на Пакистан, во непосредна близина на границата со Кина. До денес, важеше за последниот врв со висина од 8.000 метри кој ниту еден тим не успеа да го искачи во зима.

Instagram
Instagram

Ова е еден од најтешките и најопасни врвови за искачување во светот. За жал, при денешното искачување загинал шпанскиот алпинист Серхи Минготе.

Историја за човештвото, историја за Непал!“, напиша Нирмал Пурџа на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Овој успех е резултат на исклучителна соработка на група непалски планинари, кои поделени во два тима се качувале кон врвот, и во последниот дел од качувањето се здружиле и заедно стигнале до врвот.

Instagram
Instagram

Ова е многу посебен момент. На десет метри под врвот, се собравме сите за да формираме група која заедно ќе стапне на врвот, додека ја пее непалската химна“, изјави Пурџа.

Многумина го сметаат искачувањето на врвот „К2“ за потешко и поризично дури и од Монт Еверест.

Instagram
Instagram
Оваа зима е предвидено уште едно искачување, од тим составен од планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот