Алкараз четвртфиналист во Париз, следен противник на Шпанецот е Томи Пол
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри откако лесно го совлада Роман Сафиулин со резултат 2:0 (6:4, 6:2) за еден час и 29 минути.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во првиот сет Алкараз по два брејка водеше со 3:0, а иако Сафиулин (АИН, индивидуални неутрални спортист) врати еден брејк, Шпанецот водеше со 1:0 во сетовите.
Во вториот сет, шпанскиот тенисер со два брејка го разби ривалот и обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Алкараз во четвртфиналето ќе игра против Американецот Томи Пол, кој претходно денеска го совлада Французинот Корентин Муте – 2:0 (7:6(8:6), 6:3).
Во досегашната конкуренција Алкараз беше подобар од Талон Грикспор и Хади Хабиб. Интересно, најдобриот шпански тенисер досега нема загубено ниту еден сет во Франција.
Исто така, Алкараз и натаму е во трка за златниот медал во категоријата двојки со Рафаел Надал. Шпанците во последниот меч го совладаа Грикспор – Кулхоф, а сега им претстои четвртфинален меч против американскиот тандем Остин Крајчек – Раџив Рам.
Тој натпревар е закажан за 19 часот на теренот „Филип Шатрије“.


