Карлос Алкараз/US Open Tennis Championships

Aлкараз без проблеми, со сигурна победа го почна Австралија опен

Со денешните мечеви официјално започна првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен, а меѓу првите што се појавија на терените беше и еден од главните фаворити за титулата, првиот носител Карлос Алкараз. Шпанскиот ас без поголеми тешкотии ја мина почетната пречка, совладувајќи го домашниот тенисер Адам Волтон.

Алкараз сигурно го освои првиот сет со 6-3, додека во вториот Волтон успеа да парира и да го одведе сетот во тајбрејк. Сепак, кога беше најпотребно, Шпанецот го подигна ритамот и убедливо славеше со 7-2, поведувајќи со 2-0 во сетови. Во третиот сет фаворитот целосно доминираше и со 6-2 ја завери победата.

Во второто коло Алкараз ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман, кој претходно со 3-1 во сетови го елиминираше Американецот Свајда.

Настап на првиот ден имаше и третиот носител, Александар Зверев. Германскиот тенисер по малку неизвесен старт, го совлада Канаѓанецот Габриел Диало со 3-1. Диало го освои првиот сет по тајбрејк, но потоа Зверев целосно ја презеде контролата и со сигурна игра ги доби следните три сета со 6-1, 6-4 и 6-2, обезбедувајќи пласман во следната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот