14 C
Скопје

Алиса Милано седум месеци по коронавирусот: „Откако ми опадна косата, сега имам сериозен проблем со помнењето“ (ВИДЕО)

Американската актерка Алиса Милано зборуваше за коронавирусот, наведувајќи дека дури седум месеци откако го прележа вирусот, таа се уште чувствува последици.

Таа пред неколку месеци сподели видео на Твитер на кое демонстираше опаѓање на нејзината коса, а сега откри дека освен тој симптом има проблеми и со помнењето.

„Првите симптоми кои ги имав беа проблеми со стомакот и главоболка како никогаш до тогаш во животот, а исто така и голем замор. Тоа траеше околу три дена и помислив дека веројатно треба да одам на тестирање и првиот тест беше негативен“, изјави Милано и додаде:

„Потоа повторно се тестирав и резултатот беше позитивен. Ми беше ужасно. И сега ми е тешко, особено кога сте актер и косата е дел од вашиот идентитет. Освен тоа, сега имам и проблем со помнењето, а тоа ми е голема препрека во работата која ја работам, бидејќи морам да ги запамтам речениците. Ужасно е!“.

Поврзани вести

Почина индискиот актер Рахул Вохра: Пред смртта снимил застрашувачко видео од болница

Слободен Печат

За првпат по 120 години: На отварањето на британскиот парламент, кралицата седеше сама, а на местото на престолот на принцот Филип имаше поставено маса

Слободен Печат

Британски музички награди: Дуа Липа со две награди, Тејлор Свифт влезе во историјата…

Слободен Печат

Солта мора „под клуч“ – го слабее и го загрозува имунитетот

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 12 мај: Ќе имате можност да ги остварите вашите планови

Слободен Печат

Политика

Слободен печат

Остави Коментар