Алиоски доби одмор, Адеми не тренираше поради повреда

ffm.mk

Најдобрите македонски фудбалери како што веќе објавивме се веќе во Варшава каде што и го одржаа првиот тренинг пред неделната пресметка против Полска во осмиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Денеска не тренираше Езгјан Алиоски, доби одмор од Игор Ангеловски, односно како што се најавува в сабота ќе тренира играчот на Лидс јунајтед.

После мечот против Словенија на прес конференција селекторот изјави дека Аријан Адеми се пожали на повреда, па затоа беше и заменет. Поради таа причина и фудбалерот на Динамо Загреб не беше дел од денешниот тренинг и неговиот настап в недела е неизвесен.

Во текот на утрешниот ден би требало да се дознае повеќе дали Адеми ќе биде во можност да настапи против Полјаците или ќе се бара друго решение за пополнување на средниот ред.

Не беше во составот против Словенија поради жолти картони, но затоа за дуелот против Полјаците ќе се врати одбранбениот играч Егзон Бејтулаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот