ВИДЕО | Александра Јанева го шокираше сопругот: Само тој знае како му беше
Пејачката Александра Јанева го шокирала својот сопруг Иван, на уникатен начин соопштувајќи му дека ќе стане татко.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јанева беше гостинка на концертот на Влатко Лозаноски-Лозано на 7 март во Арената „Борис Трајковски“ и за првпат откако е бремена настапи пред неколкуилјадната публика и ја воодушеви со изведбата.
„Му спремив една честитка на Иван во која напишав: ’1 + 1 = 3, daddy to be‘, ама не му кажав од кого е, затоа што во моментот кога пристигнав во Струмица, тој беше на онлајн состанок, а јас немав трпение, само му ја подадов честитката и му кажав: ’Еве некој комшија сака за нешто да ти се заблагодари, не знам за што‘. Ова не се случува често, комшија да ти се заблагодари за нешто. Се укочи во моментот, се укочи. За состанокот искрено не се сеќавам како беше понатаму. Само знам дека гледаше онака неколку минути во ѕидот и не знаеше како да реагира. После нормално, помина време, стивнаа емоциите, и двајцата бевме многу радосни. Ама секогаш кога се навраќаме на тој момент, ми вика: ’Само јас си знам како го издржав тој состанок‘.“, раскажа пејачката во емисијата „Никој да не знае“ на ТВ Телма.
View this post on Instagram
Неодамна, за „Слободен печат“, таа ја раскажа љубовната приказна со сопругот.
„Иван и не е така непознат за јавноста, само е попознат во светот на спортистите. Тој е поранешен младински репрезентативец во ракомет. Но е дипломиран програмер е и денес тоа му е примарната професија.
Се запознавме преку заеднички пријатели, девет месеци пред случајно да нè спои една ненамерно пратена порака на Инстаграм од негова страна. Дотогаш бевме само пријатели, познајници што ретко се среќаваа, но знаевме да комуницираме виртуелно неколкупати годишно, да си честитаме роденден, да се пошегуваме за нешто. Инаку, неговата сестра исто го носи името Александра и сакајќи нејзе да ѝ испрати фотографија од кинеско јадење, случајно ми ја прати мене“, рече пејачката која носи женско бебе.


