Албанија во справување со корона вирусот на помош ги повика и пензионираните лекари

Фото: Топ Чанел

Рама најави парични стимулации за докторите, медицинските сести и здравствениот персонал.

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика пензионираните лекари специјалисти, кои се во можност, да помогнат во справувањето со состојбата со новиот коронавирус. За да ги стимулира за нив и за целиот медицински персонал ангажиран на фронталната линија во справување со заразата најави дека ќе бидат наградени со парична награда во висина од 500 до 1000 евра.

Овој вирус е непријател и ќе направиме се за да се справиме со него. Вистина е дека најмногу ги погодува повозрасните лица, но ние не треба да се шегуваме. Страв никако, но внимателност да, и тоа до максимум, порача Рама.

Во Албанија првите два случаи со новиот коронавирус беа регистрирани во неделата, а до синоќа тој број се зголеми на 10 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот