Алармантно аерозагадување во Куманово: ПМ 10 честичките синоќа неколку пати повисоки од дозволеното

Концентрациите на ПМ10 честичките синоќа во Куманово беа неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности, граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Според податоците на мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, Куманово вчера од 18:00 часот, се до полноќ беше најзагаден град во државата. Мерната станица и апликацијата „Мој возух” во повеќе наврати покажаа надминување на граничните вредности на ПМ10 честичките неколку пати повисоко од граничните вредности, особено во централното градско подрачје во реоот помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција” и „Трета МУБ”.

Општина Куманово претходно донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој опфаќа садење садници, аеросолизација, повеќе краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, меѓу кои клучна е гасификацијата.

Прочитајте и...  Две починати лица, 152 нови пациенти и 126 оздравени од ковид-19 во земјава за изминатото деноноќие

Градоначаникот Максим Димитриевски претходно најави дека ќе побара поддршка од Советот да одели пет проценти од буџетот за 2020 година за садење нови садници како дел од среднорочните мерки за намалување на аерозагадувањето. Меѓу препораките кои беа донесени на еден од состаноците од Општинскиот кризен штаб во однос на аерозагадувањето е да се направи и регистар на загадувачи, граѓаните да внимаваат што употребуваат за затоплување, да користат јавен превоз.

Прочитај повеќе

Нездрава навика: Американец почина од секојдневно јадење на гумени бонбони

Слободен печат

Ирска ги тргна Германија, Полска и Литванија од т.н. „зелена листа“

Слободен печат

Трамп исвиркан додека оддаваше почит на судијката Рут Бадер Гинсбург (ВИДЕО)

Слободен печат

Црн ден во Велика Британија: Рекордни 6.643 случаи на ковид-19 за 24 часа

Слободен печат

Србите на Косово со благодарност до Трамп: „Езеро Трамп“ и „Мост Трамп“ на Газивода (ФОТО)

Слободен печат

Реакција на битолската болница: Во ниту еден момент не беше одбиена интервенција за пациентите од сообраќајната несреќа

Слободен печат.

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Митрополит Амфилохие: Новата власта да ја залечи Црна Гора од „братоубиства и богоубиства“

Слободен печат

Маричиќ: Повеќе ќе нема пресуди во четири очи, ниту на телефон

Слободен печат

Претепаните Роми од битолската полиција сведочеа во живо: Не малтретираа како стока, не тепаа и држеа во станица до 5 сабајле (ВИДЕО)

Слободен печат.

Вучиќ пристигна во Истанбул, Ердоган го дочека со најголеми почести

Слободен печат

Екс унгарски европратеник во тесно: Ослободен од обвинение за шпионажа, но не и за проневера на европски пари

Слободен печат

Германците го менуваат шефот на воената разузнавачка служба

Слободен печат