Актерот Жерар Депардје кој е близок со Путин порача: Оставете го оружјето и преговарајте

Profimedia
Фото: Профимедиа

Францускиот актер Жерар Депардје кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, денес повика да се остави оружјето и да се преговара. Денес е шестиот ден од руската инвазија на Украина.

„Русија и Украина отсекогаш биле братски земји. Јас сум против оваа братоубиствена војна. Ви велам: Оставете го оружјето и преговарајте!“, изјави тој за АПФ, пренесува „France24“.

Повикот доаѓа во момент кога руската војска продолжува да се распоредува во обид да ја преземе контролата врз Киев, а центарот на Харков, вториот по големина град во Украина недалеку од руската граница, е бомбардиран од руската војска, изјави регионалниот гувернер.

жерар депардје
Жерар Депардје / Фото: EPA/KAY NIETFELD

Ѕвездата на француската кинематографија, кој има француско и руско државјанство доби руски пасош во јануари 2013 година, поради несогласување со даночната политика на претседателот Франсоа Холанд.

„Мислам дека е нормално да се плати, но не и на идиотите кои мислат дека работат добро“, изјави тој за „ЛеПоинт“ во 2014 година.

Оттогаш, Жерар Депардје никогаш не престана да ја фали својата нова татковина Русија, „голема демократија“ и да го фали Владимир Путин, кого го спореди со папата Јован Павле Втори.

Повеќе текстови на темата:

 

Поддршка за Украина и од Холивуд: Дел од светските ѕвезди јасно кажаа што мислат за руската инвазија

ВИДЕО | Трогателно збогување на мајка и син на железничка станица во Украина

 

ФОТО | И Стивен Сегал проговори за руско-украинскиот судир: Сево ова е трошење пари на пропаганда!

 

Руските деца останаа без омилените јунаци: Компанијата „Волт Дизни“ забрани прикажување цртани филмови во Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот