Чешки филмски фестивал ќе му ја одземе наградата на Кустурица: Им се восхитува на тоталитарните лидери!

емир кустурица
Емир Кустурица / Фото: EPA-EFE/YANDER ZAMORA

Чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“ ќе му ја одземе наградата на режисерот Емир Кустурица затоа што прифатил да биде на чело на Централниот театар на руската армија пред рускиот напад на Украина.

Имено, основачот на фестивалот Феро Фенич побара на режисерот да му биде одземена наградата што ја добил во 2017 година за придонес во светската кинематографија.

Емир Кустурица ќе стане главен директор на Централниот театар на руската армија

Фенич изјави дека во 2017 година бил против Кустурица да ја добие наградата бидејќи им се восхитува на тоталитарните лидери. Како што истакна, тој смета дека Кустурица, иако го смета за талентиран режисер, не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериуми што се потребни за некому да биде доделена оваа награда.

„Тоа се вредностите за кои се залагаме, врз основа на кои настана фестивалот. Ниту едно уметничко дело не може да се одвои од овие вредности. Тогаш управата на фестивалот не ме послуша. Сега повторно барам од Фебиофест да му ја одземе наградата“, изјавил Фенич.

емир кустурица
Емир Кустурица / Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Актуелниот директор на фестивалот Камил Спацил ја поздравил иницијативата на Фенич и изјавил дека наградата наскоро ќе му биде одземена на Кусутурица, пренесува чешката агенција ЧТК. Фенич покани и други фестивали во Чешка кои му доделиле слични награди, да му ги одземат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот