ВИДЕО | Трогателно збогување на мајка и син на железничка станица во Украина

Емотивно збогување на мајка и син во Украина / Фото: Скриншот, Инстаграм

На билетарницата во железничката станица во украинскиот град Лавов, кој е на 60 километри од границата со Полска, има два вида билети за бегалците кои сакаат да побегнат од насилството на руската инвазија, пишува „The Guardian“.

Првата опција се бесплатните билети за возовите за евакуација, но речиси е невозможно да се стигне до нив во моментов. Вториот начин за да се побегне во Полска е со билет за редовна железничка линија, но и тие билети се недостапни сѐ до крајот на март. Па, дури и тогаш, по прогласената општа мобилизација, Украина може да ја напуштат само жените и децата, а сите возрасни мажи мора да останат и да ја бранат државата.

Откако започна руската инвазија, новинарот Мат Гутман од „ABC News“ известува за случувањата во Украина и редовно споделува фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Една од неговите последни објави на Инстаграм растажи многумина. На видеото, кое е снимено на железничката станица во Лавов, една мајка со солзи во очите го остава возрасниот син зад себе.

„Денес видовме неопислива тага. Луѓето се заглавени на железничката станица со денови. Според официјални извори, десетици илјади бегалци дошле на станицата без билети. Имаше само два воза до Полска. Останатите повторно ќе преноќат на станицата“, пишува Гутман во описот до видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Gutman (@mattgutmanabc)

Повеќе текстови на темата:

ВИДЕО | Глетка која го расплака светот: Украинка ја гушка жената која ѝ ги пренела децата преку граница

ФОТО | Новинарка од Украина со саркастична порака: Ви благодарам господине Путин…

ФОТО | Евровизиската победничка со децата го напуштила Киев: Бевме четири дена без храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот