ФОТО | Евровизиската победничка со децата го напуштила Киев: Бевме четири дена без храна

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Џамала, украинската пејачка која победи на Евровизија во 2016 година со песната „1944“, се огласи на Инстаграм и опиша како изгледало нејзиното бегство од татковината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)


„Ноќта на 24 февруари го напуштивме Киев со нашите деца и поминавме речиси четири дена во автомобилот, без храна бидејќи во состојба на шок никој не се сети нешто да понесе. Два километри за четири часа, отприлика толкава е брзината на со која се движевме“, напиша Џамала. Пејачката порачала дека не можела порано да се обрати, бидејќи немала интернет или ги смирувала децата за време на долгото возење.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Таа објавила и видео на кое околу полноќ во солзи пешачи кон границата со Романија. Џамала рекла дека член на семејството ѝ помогнал да стигне до границата, но таа морала да продолжи пешки.

„Ве молам, не дозволувајте да се борат со народот на Украина! Ве молам, прекинете ја војната! Спасете ги и вашите и нашите деца!“, порачала пејачката.

Таа утрово повторно се огласила на социјалните мрежи и објавила неколку потресни фотографии и снимки од Киев и неколку фотографии со своите деца како ја напуштаат татковината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)

„Сакам да се разбудам и да слушнам дека тоа е само филм. Поминаа пет дена откако Русија ја нападна Украина. Милиони жени и деца ги напуштаат своите домови, оставајќи ги своите сопрузи да ја бранат земјата. Украина е огромна, убава и толку независна. Мислам дека тоа е клучно“, напиша Џамала.

„Толку жртви, ранети… Жените деновиве се пораѓаа во подруми. Не го разбирам овој крвав терор. Верувам во нашиот претседател, нашата армија, нашите храбри мажи и жени. Ние ќе победиме. Украина не може да се победи! Русијо, немој да молчиш! Кажете дека сте хумани. Размислете. Запрете го ова лудило!” заклучила таа.

Да потсетиме, Џамала победи на Евровизија пред шест години со песната „1944“.

Песната зборува за етничкото чистење што го доживеале членовите на нејзиното семејство заедно со повеќе од 200.000 кримски Татари. Имено, на 17 и 18 мај 1944 година, силите на Сталин извршија „колективна казна“ на Татарите, народ со турско потекло, а за само два дена беа иселени 40.000 припадници на овој народ од Крим и депортирани во Сибир.

ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

ФОТО | Поранешната Мис Украина сподели снимка од Киев: Молете се за нас!

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот