Мадона е гневна: Путин нема право да го избрише постоењето на Украина

Мадона и Владимир Путин
Мадона и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/WALTER BIERI/THIBAULT CAMUS

Кралицата на поп-музиката, Мадона се огласи со свој став за актуелните случувања во Украина и ја даде својата целосна поддршка за украинскиот народ. Според неа, руската инвазија е бесмислена и таа мора да престане.

„Мора да се запре бесмислената и од алчност поттикната руска инвазија во Украина. Ве молам, испратете хуманитарна помош за да им помогнеме на граѓаните во Украина, чии животи се погодени од оваа криза во моментов.

Путин ги прекрши сите човекови права. Путин нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина.

Ве поддржуваме претседателе Зеленски! Се молиме за вас и за вашата држава. Бог да ве благослови сите!“, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Потоа, пејачката објави и потресна снимка на која е прикажано како изгледа Украина по руската инвазија.

„Дали ве боли оваа снимка како што ме боли мене? Путин продолжува со своите ужасни, бесчувствителни напади на Украина. Невини луѓе се убиени и се повредени секој ден. Недолжни луѓе се борат за живот и учат да користат оружје за да се заштитат. Бегалците ги преполнуваат границите каде не им дозволуваат да избегаат. Па, бројни храбри луѓе остануваат за да се борат… Бог да ве благослови сите! Ние се молиме за сите вас! Ве молам, да направиме сѐ што можеме за да им помогнеме“, пишува Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

ГАЛЕРИЈА | Доделени САГ наградите: Најпрестижните холивудски имиња на едно место, еве ги победниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот