ХОЛИВУД ОДЛУЧИ: Прекинати кино проекциите во руските кина

Ворнер Брос/EPA/EFE
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Филмското студио „Ворнер брос“ го прекина прикажувањето на „Бетмен“ во руските кина само неколку дена откако имаше премиера, додека холивудските студија ја запираат дистрибуцијата во земјата како резултат на воената инвазија на Украина.

Покрај „Ворнер брос“, и „Волт Дизни“ и „Сони“ кажаа дека ќе паузираат со објавувањето на нивните филмови во Русија. „Бетмен“, еден од најисчекуваните филмови оваа година, имаше светска премиера во петокот – објави „Би-Би-Си“

„Во екот на хуманитарната криза во Украина, ‘Ворнер брос‘ го паузира прикажувањето на ‘Бетмен‘ во Русија. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, соопшти студиото.

Холивуд реагираше додека владите низ светот ги засилуваат санкциите кон Русија и се зголемува притисокот да се прекинат сите деловни врски со неа.

„Дизни“ ја одложи руската премиера на анимираниот филм „Turning Red“, а „Сони“ на новата адаптација на „Марвел“, „Морбиус“.

Руските деца останаа без омилените јунаци: Компанијата „Волт Дизни“ забрани прикажување цртани филмови во Русија

Јужна Кореја забрани извоз на компјутери, ласери и навигација во Русија

БП заминува од Русија и го напушти Роснефт

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот