ФОТО | И Стивен Сегал проговори за руско-украинскиот судир: Сево ова е трошење пари на пропаганда!

Стивен Сегал и Владимир Путин
Путин и Сегал/EPA/EFE

Холивудскиот  актер познат по акционите филмови, Стивен Сегал чиј пријател е рускиот претседател Владимир Путин, по шест дена од почетокот на војната која ја потресе цела Европа, проговори околу судирот помеѓу Украина и Русија.

„Многумина од нас имаат пријатели и фамилии во Русија и Украина. Јас на двете страни гледам како на едно заедничко семејство, и навистина верувам дека ова е прашање на надворешен субјект кој троши огромно количество пари на пропаганда“ – изјави Сегал.

Тој изјави дека сево ова е провокација на двете земји и создавање вештачки судир, во изјава за „Fox News Digital“

„Се молам двете земји да дојдат до позитивно и мирно решение со кое ќе можеме да живееме и напредуваме заедно во мир“

Руско министерство за внатрешни работи во 2018 го назначи Сегал за „посебен претставник за хуманитарните врски со САД“. Неговата положба требаше да ги олесни односите помеѓу Русија и Америка, на подрачјето на хуманитарните соработки во културата, уметноста, како и размена на млади студенти, велат медиумите.

Стивен Сегал и Владимир Путин
. EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Исто така во 2021, глумецот службено бил примен во партијата „Про-Путин праведна Русија – Домољуб за вистината“. Во 2016 станал и руски државјанин, а во  2014 го бранеше руското водство во текот на анексијата на Крим. Стивен тогаш го нарече Путин „еден од најголемите живи светски лидери“.

пасош Владимир Путин Стивен Сегал
EPA/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL/POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот