Актерката од „Пријатели“ со паранормално искуство: Ја продадов куќата, во неа имаше дух!

Кортни Кокс/Printscreen/Youtube
Кортни Кокс/Printscreen/Youtube

Холивудската актерка позната по улогата на Моника во „Пријатели“, Кортни Кокс немала среќа со последната куќа.

Таа раскажа за необично и страшно искуство во врска со нејзината последна куќа во Лос Анџелес, која мораше да ја продаде.

Актерката гостуваше во шоуто на Џими Кимел за да го промовира својот нов филм, хорор-комедијата „Shining Vale“. Кимел ја прашал дали некогаш видела дух и била изненадена од нејзиниот одговор. „Не верував на почетокот“, рече Кокс, додавајќи дека сопствениците на нејзината куќа биле бурлеска танчерката Џипси Роуз Ли и музичарката и писателка Керол Кинг.

Таа тврди дека Кинг дошла кај неа еден ден за да има сеанса за протерување на духот од имотот. Таа вели дека цело време била скептична.

„Керол Кинг дојде кај мене и ми кажа дека во таа куќа имало развод кој завршил многу лошо и дека во куќата има дух. Мислев „Нема шанси“. Но, другите луѓе кои беа во таа куќа, моите пријатели, ми кажаа дека сретнале жена која седела на работ од креветот“, опишала Кокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот