Ајдари за Слободен печат: Се дистанцирам од денешните протести за Монструм, ние ќе протестираме на 2 април

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Бедри Ајдари членот на семејството на дел од обвинетите во случајот „Монструм“, и организатор на многу протести за овој случај, во изјава за Слободен печат вели дека тој не е организатор на денешниот протест, и дека нема информација кој е организаторот.

– Не, не, јас не сум организатор на денешните протести. Не знам кој ги организира, јас не сум организатор на денешните протести, но можно е некој да ги преставил во име на сите случаи, па може да има некаква конфузија – вели Ајдари за Слободен печат.

Тој, информира дека ќе организира протести идната недела против пресудите за случајот Монструм.

– Ние ќе протестираме следната недела, во петок на 2 април 2021 година – информира Ајдари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот