Агелер: „Бехтел“ работи транспарентно и законски, опозицијата критикува за политички поени

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан. Агелер е разочарана поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

Во интервју за МИА, во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават се што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава. Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, вели Агелер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот