Адеми: Спортската сала во гостиварско Дебреше ќе биде готова во септември

Спортската сала која се гради во гостиварското село Дебреше ќе биде завршена пред рокот, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми по извршениот увид во градежните работи.

Новата спортска сала, која се гради во дворот на основното училиште „Фаик Коница”, е инвестиција на МОН за која се издвоени над 37 милиони денари.

Објектот ќе има површина од 1.200 квадратни метри и покрај учениците ќе може да се користи за организирање на натпревари во мали спортови. За да се обзбеди функционирање на салата ќе се вработат две лица.

-Од изведувачот на работите добив информации дека активностите се одвиваат без потешкотии и дека салата ќе биде комплетирана пред предвидениот рок декември 2020 година. Очекуваме работите да завршат до крајот на летото и во неа да се одржи првиот час по физичка култура. Јас искрено се надевам дека токму од оваа сала ќе излезат идни врвни спортисти, рече министерот Адеми.

Првиот човек на МОН нагласи дека во делот на капитални инвестиции за Гостивар се водело сметка и како тоа ќе продложи и во иднина. Тој потсети дека во изминатиов период тоа било направено и во други училишни објекти, а особено ја истакна салата во училиштето „Мустафа Кемал Ататурк” во која биле инвестирани околу 800 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот