Адеми пред пласман во ЛШ, реми на Црвена Звезда во Берн (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб се наоѓаат пред пласман во групната фаза во Лигата на шампионите откако во првиот натпревар од пејофот го совладаа Розенборг со 2:0. Адеми беше еден од најдобрите фудбалери на теренот, а победата, Динамо ја обезбеди уште во првото полувреме со головите на Петковиќ и на Орсиќ.

Црвена Звезда остана непоразена на гостувањето во Берн кај швајцарскиот шампион Јанг Бојс играјќи 2:2. „Црвено-белите“ можат да жалат за ваквиот резултат бидејќи имаа водство од 1:2 до последните 20 минути од наптреварот. Сепак, и овој резултат им дава одлични шанси пред своите гледачи  да го обезбедат учеството во елитното натпреварување и тоа втора година по ред.

Резултатот го отвори Асале уште во седмата минута носејќи водство за Јанг Бојс, но српскиот тим израмни само 11 минути подоцна преку Дегенек. Засилувањето Гарсија на стартот од второто полувреме донесе пресврт, но фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да издржат и во 76. минута потклекнаа пред налетите на домашните фудбалери. Хоро од пенал го постигна израмнувачкиот гол.

Олимпијакос веќе ги реши сите дилеми со убедливата победа од 4:0 пред своите гледачи над рускиот Краснодар. неочекувано лесно и убедливо го совлада Олимпијакос со 4-0. Гереро беше стрелец во првото полувреме, а во вториот дел Ранѓеловиќ постигна два гола, а конечниот резултат го поставо Проденс во 89 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот