Адел конечно го издаде албумот „30“: Слушнете ја потресната песна каде зборува со својот син

адел 30
Фото: Принтскрин / YouTube

До сега толку многу се слушаше за него, а сега конечно може и да се слушне – Адел конечно го издаде својот многу очекуван албум „30“.

Ова е четврти студиски албум за 33-годишната пејачка, а музиката е инспирирана од нејзиниот развод со поранешниот сопруг Сајмон Конецки.

Албумот ги содржи водечкиот сингл „Easy on Me“ чија најава дигна огромна прашина, а на него се наоѓаати и новите песни насловени како „I Drink Wine“, „Hold On“ и „To Be Loved“. Адел дебитираше неколку песни од албумот за време на нејзината специјална програма на „CBS“ која беше во форма на еднократен концерт, наречен „Adele One Night Only“, кој се емитуваше минатата недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Една од најочекуваните песни на албумот, „Hold On“, е онаа за која самата Адел рече дека може да се покаже како многу важна за луѓето.

„Навистина ми помогна овој албум. Навистина мислам дека некои од песните на овој албум навистина можат да им помогнат на луѓето, навистина да ги променат животите на луѓето. Песните како „Hold On“ всушност можат да спасат неколку животи“, изјави таа во неодамнешно интервју.

„Љубовта наскоро ќе дојде, душо / Ако само се држиш“, пее таа на емотивната песна, напишана и продуцирана заедно со Инфло. Песната премиерно беше пуштена денес во форма на стиховно видео.

Има уште една песна на албумот во која се појавува нејзиниот син Анџело и некои многу потресни гласовни белешки.

Делукс изданието „Target“ на албумот содржи три дополнителни песни – „Wild Wild West“, „Can’t Be Together“ и нова верзија на „Easy on Me“ со Крис Стејплтон.

Песните од албумот се веќе достапни за стриминг на „YouTube“ каналот на Адел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот