Адел и Ед Ширан му дадоа „корпа“ на кралот Чарлс Трети

Адел, кралот Чарлс и Ед Ширан / Фото: EPA

Бакингемската палата уште во октомври минатата година, го објави официјалниот датум на крунисувањето на кралот Чарлс Трети. (74). Имено, крунисувањето е закажано за 8 мај, во Вестминстерската опатија, а таму ќе биде крунисана и неговата сопруга кралицата Камила Паркер-Боулс (75). Целата церемонија ќе започне два дена порано, на 6 мај, а важноста на овој историски настан е и во тоа што ова е прво крунисување по 70 години.

Фото: Инстаграм

Палатата ги објави деталите за крунисувањето во јануари, а сега се дозна и  дека кралот сакал да му пеат популарните британски музичари Адел (34) и Ед Ширан (32). Концерт во негова чест е закажан за 7 мај во замокот Виндзор, а како што пишува „Дејли мејл“, и Адел и Ед учтиво ги одбиле поканите бидејќи наводно се „зафатени“.

Адел на првиот концерт од серијата концерти „Викенди со Адел“ во Лас Вегас / 18 ноември 2022 / Фото: Инстаграм/Адел

„Кралот предложи кој би сакал да пее за него и на тој список се и Адел и Ед. Голема желба му беше тие да бидат на концертот. Во организацијата постои тим кој е задолжен за контактирање со ѕвездите, па тие испратија прашалник и ним, но одговорот беше дека се зафатени, што е големо разочарување. Тие се титани на шоубиз индустријата, а покрај тоа и Британци се познати низ целиот свет. Голема штета“, тврди изворот за таблоидот.

Имено, Ед Ширан има концерт на 6 мај во Тексас, поради што наводно бил спречен да дојде во Виндзор, иако постоела можност да пристигне во Лондон за девет часа со приватен лет, што не му би било првпат да брза на друг концерт. А освен тоа, тој веќе беше дел од јубилејот на кралицата, кога во чест на кралицата го испеа својот хит „Perfect“. Адел официјално нема ништо закажано за тие денови, со оглед на тоа што нејзините концерти во Лас Вегас завршуваат на 25 март.

Instagram
Фото: Инстаграм

„Дејли мејл“, исто така, претпоставува дека кралот го сака Хари Стајлс на концертот.

Фото: Профимедиа

Меѓу оние кои се согласиле да настапат е и Лајонел Ричи, како и женскиот бенд „Спајс грлс“, но не се знае дали со нив ќе настапи и Викторија Бекам.

ФОТО | Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со круна стара 400 години

Кралот Чарлс ја крши вековната традиција, ќе оди без чорапите и кралските панталони на церемонијата на крунисување

Прв како монарх: Кралот Чарлс го слави својот 74. роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот