Ацевска и Трниниќ најдобри борци на „Скопје Опен 2019“

На 09. ноември 2019 година (сабота), во организација на Клубот за боречки вештини „ДАН-КЈУ“ од Скопје се одржа 10 традиционален Меѓународен турнир „СКОПЈЕ ОПЕН 2019“.

Турнирот се одржа во Спортската сала „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Општина Кисела Вода.

На турнирот учество земаа седум Држави и тоа Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Р. Српска, Турција и Македонија. За првите три места се бореа вкупно 220 борци во повеќе категории во машка и женска категорија.

На три борилишта, со 12 судии се одржа турнир во џиу џицу борби, дуо систем приказ на техники и Не Ваза борби во партер. Со две медицински екипи и со ниту еден повреден борец.

Целокупната техника беше водена од техничари од Р. Словенија со модерна опрема за бодување, жреб и слично.

На турнирот учество земаа следниве клубови екипи или репрезентации:

ЏЏК Будва Црна Гора
ЏЏК Минотаур Бања Лука
ЏЏК АДК Марибор Словенија
ЏЏК Карлос Маја Скопје
ЏЏК Осенсеи Штип Македонија
ЏЏК Такеда Скопје Македонија
ЏЏК Бугари Димитровград Бугарија
ЏЏК Лозница Србија
ЏЏК Паунд фор Паунд Битола
ЏЏК Импакт Академи Скопје Македонија
Турска џиу џица Федерација
ЏЏК Феникс Подгорица Црна Гора
ЏЏК НиФ Алексинац Србија
ЏЏК Морнар Бар Црна Гора
ЏЏК Јахорина Р. Српска
ЏЏК. Панда Херцег Нови Црна Гора
ЏЏК Централ полис клуб Бургас Бугарија
ЏЏК Хеаин До Темерин Србија
ЏЏК Дан Кју Скопје Македонија
ЏК Ипон Скопје Македонија

Се доделуваа пехари за трите првопласирани екипи во генерален пласман, а тоа беа:
1. ЏЏК Централ полис клуб Бургас Бугарија
2. ЏЏК Паунд фор Паунд Битола
3. ЏЏК Будва Црна Гора

Најдобар машки борец Лука Трниниќ, Будва Црна Гора
Најдобар женски борец Катерина Ацевска, Дан-Кју Скопје Македонија

Турнирот започна во 10.00 часот со отворање од страна на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, а заврши во 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот