Аца Лукас казнет, ама и кафулето не издавало фискални сметки
Министерсtвото за внатрешни работи соопшти детали за синоќешниот прекин на концертот на Аца Лукас во кафетеријата „Рома“ во Кавадарци.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Утрово, 10 минути по полноќ полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, наведуваат од МВР во билтенот.
Инспекторите констатирале дека во угостителски објект во Кавадарци Александар Вуксановиќ познат како Аца Лукас настапувал без потребната дозвола, па поднеле прекрошочна пријава по член 217 ств 1 точка 2 од Законот за странци што предвидува глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противредност за прекршок на странецот ако престојува во Македонија спротивно на наведената цел и причини на престојот. Лукас бил изнесен пред основниот суд во Кавадарци и по итна постапка од дежурен судија за прекршоци паричната казна му била изречена.
Најавени се дополнителни поднесоци зашто при контролата било утврдено дека не се издаваат фискални сметки во кафулето, се пуши на затворено и имало повеќе лица отколку што собира во кафулето.


