АБА2: Хиндс од МЗТ Скопје проглавен за МВП (ВИДЕО)

mztskopjeaerodrom.mk

По доминацијата на Нуни Омот по првото коло, наградата за најкорисен кошаркар и по втората рунда во АБА2 лигата заврши во рацете на уште еден кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.

Овојпат ваквото признание оди кај Џабари Хиндс, чија фантастична партија беше една од причините за втората победа во регионалното кошаркарско натпреварување на гостувањето кај Спарс.

Американскиот плејмејкер во „сино-белиот“ дрес имаше „трипл-дабл“ ефект на мечот во Сараево, откако средбата ја заврши со 23 поени, девет скока и осум асистенции.

Тоа му донесе индекс на корисност 33, односно еден поен помалку од кошаркари на Хелиос, Блаж Махковиќ, чија екипа загуби па не можеше да го добие главното признание.

Хиндс воедно е и втор најдобар асистент на колото, со три додавања помалку од најдобриот неделава, Никола Кораќ од Нови Пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот