29 C
Скопје

АБА 2 лига: Победнички старт на МЗТ Скопје во Бања Лука

„Металците“ успешно го започнаа вториот турнир од АБА 2 лигата кој се одржува во Бања Лука, вечерва триумфираа против словенечкиот Хелиос со резултат 69:70.

За Хелиос доминираше Махковиќ со 21 поен, по пет скока и асистенции, а во победничките редови на МЗТ Скопје Аеродром Олуџоби забележа 16 поени и четири скока, додека Бојиќ имаше четири коша помалку.

Се одиграа уште два меча, Борац Бања Лука-Сутјеска 100:93 (по едно продолжение) и Студентски центар-Горица 61:59.

Моментно на табелата МЗТ се наоѓа на втората позиција со девет бодови, еден помалку од водечкиот Студентски центар од Црна Гора. Во следното шесто коло кое е на програмата на 22 јануари ,од 13.00 часот играчите на Ѓорѓи Кочов ќе се соочат со Слобода Ужице.

Потсетување дека вториот македонски претставник, Работнички нема да биде дел од наредните три натпреварувачки рунди поради коронавирус во своите редови.

Поврзани вести

„Марка“: Пандев е лидерот, Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ лут кон главниот судија, уште колку сакаш да се игра?

Слободен печат

Спортските натпревари и понатаму ќе се организираат без присуство на публика

Слободен печат

Братска љубов: Шалке и Вардар заедно испаднаа, заедно посилни ќе се вратат!

Слободен печат

Ѓоковиќ брутално искрен: Доаѓаат промени, младите ќе ме симнат од тронот

Слободен печат

ВИДЕО: Путин повторно заигра хокеј и тоа на првиот Ол-стар турнир од почетокот на пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар