Ирина Шајк на Оксфорд - Фото: Инстаграм/ irinashayk

ФОТО + ВИДЕО | Ирина Шајк одржа говор пред студентите на Оксфорд: Неверојатна чест е да зборувам во домот на најголемите светски мислители и лидери

Руската манекенка Ирина Шајк сподели на својот инстаграм-профил дека престојувала на Универзитетот Оксфорд, каде што имала чест да настапи како една од говорничките. Настапот на Ирина Шајк во Оксфорд се случил во рамки на Оксфордската унија, едно од најпознатите студентски дебатни друштва во светот, кое е дел од Универзитетот Оксфорд и има долга традиција на организирање јавни говори и дискусии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

На овие средби низ годините гостувале бројни светски личности од политиката, науката, културата и бизнисот, па дури и од популарната култура. Настаните најчесто се организираат во форма на разговори или сесии со прашања и одговори, каде публиката, најчесто студенти, има можност директно да комуницира со говорниците.

Поканата за учество во Оксфордската унија обично се упатува на личности кои имаат значително јавно влијание или интересна професионална приказна, без оглед на тоа дали доаѓаат од академската средина или од други области како медиуми, уметност или мода.

Настапот на Ирина Шајк, бил посветен на нејзиното професионално искуство и работата во глобалната модна индустрија, а студентите имале можност да ѝ поставуваат прашања и да дискутираат со неа.

Како што навела, за неа било посебно признание тоа што била поканета да зборува во рамки на Оксфордската унија, место кое низ историјата било дом на некои од највлијателните мислители, лидери и носители на промени.

„Каква неверојатна чест е што сум поканета да зборувам во Оксфордската унија, место кое било дом на некои од најголемите светски мислители, лидери и луѓе што носат промени.

Благодарна сум на Оксфордската унија и на Универзитетот Оксфорд за можноста да го споделам моето животно патување. Многу сум благодарна за топлиот прием, промислените разговори и незаборавните моменти“, напиша Шајк во својата објава.

Таа објави и серија фотографии од Оксфорд, на кои се гледа во елегантен и едноставен црн костум. Настанот го посетиле голем број студенти кои внимателно го следеле нејзиното излагање.

На една од фотографиите, таа позира со книга на која стои натпис „угледни гости на Оксфордската унија“. Под објавата, многу нејзини обожаватели ѝ упатија честитки и пофалби, истакнувајќи дека изгледа прекрасно и дека постигнала значаен успех.

Ирина Шајк на Оксфорд – Фото: Инстаграм/ irinashayk
Ирина Шајк на Оксфорд – Фото: Инстаграм/ irinashayk
Ирина Шајк на Оксфорд – Фото: Инстаграм/ irinashayk

Ирина Шајк го освои „Санремо“ со нејзините пет различни модни комбинации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот